УСЛОВИ ЗА ИСПОРАКА И РЕКЛАМАЦИЈА
Услови на испорака на stolici.mk ги објаснуваат условите и начинот на испорака на купените производи.
Сите производи кои се продаваат на stolici.mk се нови и неупотребувани и се испорачуваат секогаш безбедно спакувани!
За нарачаните производи stolici.mk ви овозможува испорака до врата со доставна курирска служба! Доставата се врши во рок од 2 до 7дена во зависност од локацијата и се доставува до прва надворешна врата (влез од зграда или станбен/деловен објект). Во доставата не се вклучени монтажа на производот, демонстрација на функционалностите, обука за употреба или останати активности.
Секој купувач е должен при испорака на производот да го провери за евентуални оштетувања при транспорт, а доколку е поголема пратка да провери дали некој производ недостасува. Купувачот треба да ја пријави рекламацијата веднаш на доставувачот! Доколку производот е оштетен за време на испораката треба да се реагира веднаш кај службата што ја врши испораката. stolici.mk целосно се оградува и не сноси никаква одговорност за евентуалните доцнења, недостатоци или ошетувања предизвикани од транспортот на нарачките.
Политика за враќање
Доколку купувачот сака да го замени или врати производот, должен е да го чува неоштетен, неотпакуван и неупотребуван заедно со сите приложени документи. Производот, кој е неотпакуван и неупотребуван може да се врати во рок од 15 дена, заедно со приложените документи и истиот може да го замените со друг. Во овој случај, Ве молимe да не информирате за Вашето барање и да го доставите во електронска порака преку контакт формуларот достапен на оваа страна. Производот што купувачот го рекламира или сака да го врати го испраќа безбедно спакуван во оригиналната амбалажа на сопствен трошок до нашата адреса. Stolici.mk не покрива транспортни трошоци.
Повраток на целосната уплата можете да ја остварите само доколку производот го вратите неупотребуван, неотпакуван и во оригиналното пакување, со приложени документи во период од 15 дена од денот на купување. Потрошувачот има право да го замени производот со друг производ освен во случај кога производот е изготвен по нарачка од потрошувачот. Потрошувачот правото за замена може да го оствари во договорниот рок.
Во случај кога ќе се забележи дека производот е користен, отпакуван (изваден од амбалажа од било која причина) или е оштетен, но не од наша страна, тогаш производот нема да примен и ќе му биде вратен назад на корисникот на негов трошок.
По истекот на рокот од 15 дена од денот на купување на производот, потрошувачот го губи правото на замена, односно враќање на производ по овој основ. Сите поднесени барањата за замена, односно враќање на производ, сметано од 16-тиот ден од денот кога производот е примен од потрошувачот, ќе бидат негативно одговорени.
stolici.mk има резервирано право да ја менува Политика за враќање на производи и парични средства. Сите ревизии или промени ќе стапат во сила веднаш со нивното објавување на веб страницата. Нашата политика за Враќање на производ и парични средства, е достапна на нашата веб страницата. Овие правила стапуваат на сила од Јануари 2022 година. Промените во правилата на испорака ќе бидат јавно објавени на веб странатa stolici.mk најмалку 30 дена пред да стапат во сила.
За евентуални технички ненамерни грешки, неправилен опис на производите кои би можеле да се појават на веб страницата однапред се извинуваме и не превземаме никаква одговорност.