Политика на Приватност

Политика на приватност

Почитувани, внимателно прочитајте го текстот и доколку не се согласувате со правилата за приватност ве молиме да не се регистрирате на нашата веб-страна. Нарачка може да извршите и без да се регистрирате на нашата веб страна, при што податоците внесени при нарачувањето се користат исклучиво еднократно само за креирање на адресница за достава на нарачката и не се зачувува запис од истите.

Политиката на приватност на stolici.mk појаснува каде и како се чуваат личните податоци на сите регистрирани купувачи на оваа веб страна. Оваа политика на приватност се однесува само за stolici.mk и поддомените, а доколку е присутен линк кој поврзува со други веб страни, ние не превземаме никаква одговорност во однос на заштитата на личните податоци која ја обезбедуваат тие веб страни.

Секој купувач при регистрација и купување, изјавува дека е запознаен и се согласува со нашата политика на приватност. Сите лични податоци кои корисникот ги внесува преку регистрација се користат за успешна достава на производот и реализација на плаќањето, а се чуваат согласно  одредбите од Законот за заштита на лични податоци и не се отстапуваат на трети страни.

Информациите кои нам ни се потребни за да може да достави нарачката се: Име и презиме, e-mail адреса, Адреса на доставување на нарачката и телефон за контакт.

Податоците кои ги побаруваме и се чуваат кај нас, нема да се објавуваат, продаваат или доставуваат на трета страна освен на надлежните органи на начин определен со законските прописи на Република Македонија.*

stolici.mk не побарува никакви информации од финансиска природа како број на Кредитна Картичка и/или број на банкарска сметка.

Родителите и старателите имаат обврска да ги информираат своите малолетни деца за безбедно и одговорно ракување со личните податоци. Содржините објавени на веб-страната се безбедни за малолетни лица. Малолетни лица не смеат да даваат лични податоци без одобрение од нивните родители или старатели и stolici.mk нема намерно да зачувува или користи податоци од малолетни лица.

stolici.mk ги превзема сите заштитни мерки за заштита на личните податоци на купувачите со цел да се минимизира ризикот од неовластен пристап и злоупотреба на истите. stolici.mk не дискриминира никого врз основа на возраст, пол, раса, национална припадност, политичка, сексуална или било која друга определба.

Оваа политика на приватност стапува на сила од Јануари 2022 година. Промените во политиката на приватност ќе бидат јавно објавени на веб странатa stolici.mk најмалку 30 дена пред да стапат во сила.

Авторски Права

Објавените содржини, слики, логоа, слогани, информации, податоци... се заштитени под интернационалните закони за авторските права. Најстрого се забранува секое неовластено копирање, репродукција, пренос, бришење, реверзивно декодирање и злоупотреба на содржината објавена на stolici.mk во целост или во делови.

stolici.mk се оградува од содржината на другите веб-сајтови коишто можеби директно или индиректно преку link се поврзуваат со нас. Сите употребени логоа, трговски марки и слогани се во сопственост на нивните легални сопственици. stolici.mk логото и називот е регистрирана трговска марка!
* За кои цели се користат собраните податоци и информации?

Вашите лични податоци ги обработуваме:
-За овозможување на online користење на нашите услуги и производи, со намера за подобрување на корисничкото искуство преку унапредување на квалитетот на услугата кон корисниците, односно поефикасно одговарање на Вашите барања и давање на потребната поддршка 

Вашите лични податоци нема да се обработуваат за ниту една друга цел, освен за целта заради која се собрани.

На кој начин се врши обработката на личните податоци?
Обработката на Вашите лични податоци stolici.mk ја врши согласно прописите за заштита на лични податоци на Република Македонија, преземајќи ги сите пропишани технички и организациони мерки за обезедување на тајност и заштита при обработката на личните податоци со кои располага. Персоналот е обврзан да ги чува во тајност сите информации (вклучително и личните податоци) до кои ќе дојде за време на извршувањето на нивните работни задачи. stolici.mk применува сигурносни мерки при прибирање, чување и процесирање на информациите заради заштита од неавторизиран пристап, промена, откривање или уништување на вашите лични податоци, како и податоци што не се лични, а се складирани на нашата страница. Личните податоци може да се откријат само на надлежни органи во со закон предвидена постапка.

Други информации
Имајќи ја во предвид природата на Интернетот, треба да се напомене дека при неговото користење пасивно и автоматски се собираат податоци за навиките и преференциите на неговите корисници. При посетата на интернет страницата од корисниците stolici.mk може да евидентира и информации поврзани со нив, кои сами по себе не се доволни за да идентификауваат одредено лице и претставуваат статистички показатели кои се користат заради подобрување на квалитетот на интернет страницата. Таквите информации може да ги вклучуваат името на пребарувачот на интернет, типот на компјутерот, како и технички информации за конекцијата што ја користи корисникот при посета на интернет страницата, како што се оперативен систем и испорачувачот на интернет-услугата, IP (интернет протокол) адреси кои се доделуваат од страна на интернет провајдерите и се различни за секој корисник на интернет и слични информации.

Колачиња на пребарувачот на интернет
"Cookies" се мали текстуални фајлови кои се снимаат на вашиот компјутер заради следење на движењето на вашиот интернет пребарувач од страна на интернет страницата, но не се поврзуваат со ваши лични податоци кои сте ни ги доставиле. Со помош на ваквите фајлови stolici.mk го следи движењето на посетителите на страната по неа и на тој начин собира податоци за да се подобри корисничкото искуство и за да ја оптимизира и унапреди функционалноста на интернет страницата. На интернет страницата има само таков тип на "Cookies" што се чуваат на компјутерот на корисникот онолку време колку што има поставено во интернет пребарувачот. Корисниците може да изберат да ги наместат своите пребарувачи на интернет да ги одбијат колачињата. Доколку корисниците ја одберат таа можност, одредени делови од страницата може да не функционираат како што е предвидено.

Промени во политиката за приватност на личните податоци
stolici.mk има право да ја ажурира оваа политика за приватност на личните податоци во кое било време. Кога ќе го направиме тоа, ќе дадеме известување на интернет страницата и ќе го ревидираме датумот на ажурирање на крајот на оваа страница. Корисникот прифаќа и се согласува дека е негова одговорност периодично да ја проверува Политиката за приватност и дека е свесен за промените.

Прифаќање на условите
Со користење на оваа страница, корисникот се согласува со одредбите од оваа Политика за приватност. Доколку не се согласувате со Политиката, ве молиме не користете ја интернет страницата. Вашето континуирано користење на интернет страницата следејќи ги промените на оваа Политика ќе се смета за ваше прифаќање на дадените промени.